Метлата на Заев, практично почна да игра во своите редови, сите спорни вработени, кои беа опоменати од страна на Антикорупциската комисија полека се повлекуваат од работните места.
Нов во оваа листа е и Виктор Стојчевски, син на пратнеичакта Мира Стојчевска, кој на социјалните мрежи веќе најави дека ќе си даде отказ, на следниот прв работен ден.
Отказот го дава од морални причини.
„Сакам да ја известам јавноста дека јас како дипломиран геодетски инженер на Градежен Факултет – Скопје при УКИМ, свесен за моите знаења и способности имам капацитет да работам во било која компанија од приватниот и државниот сектор каде што се бара геодет. При крај сум со магистерските студии на Градежниот Факултет и имам желба и намера да се посветам на мојата професионална кариера.
Јас не сум јавна личност и не сакам повеќе моето име да се провлекува во јавноста.
Во таа насока, сакам да ве известам дека по одлуките на вчерашната седница на ДКСК, од морални причини решив на 30.04.2019 (вторник) да го доставам моето барање за отказ од АД ЕЛЕМ и да се повлечам од работното место“, напиша Стојчевски на Фејсбук.
Метлата ќе мора да заигра и за вработените со врски во време на режимот
Факт е дека за време на режимот, во текот на тие 11 години многу професионалци, млади и возрасни граѓани застанаа зад тогашната опозиција или пак ја напуштија земјава поради тоа што немаа никаков пристап до државните институции, но и најобични услуги кои државата треба да им ги пружа согласно Уставот и Законите.
За време на режимот, тие што не беа членови на тогашната режимска партија, не само што не можеа да помислат на вработување во државна администрација, туку и трпеа на своја кожа. Многумина беа угнетувани, уценувани, омаловажувани, казнувани, а нивните судбини уништувани поради тоа што не припаѓаа на тогашната владејачка партија и немаа никаква можност и фер борба за десетици илјади отворени работни места во државните институции.
Граѓаните кои со години немаа никаква шанса за вработувања во државните инстиуции сега бараат целосна ревизија на вработувањата за време на режимот.
Илјадници роднини на тогашни високи функционери се вработија во државните институции, за што итно Антикорупциската комисија мора да почне постапки, дали нивната функционерска моќ била злоупотребена за вработување на роднини во државните институции. Доколку вработувањата биле со врски, по роднински и партиски клуч, аналитичарите сметаат дека, антикорупциската комисија мора итно да започне постапки, кои мора да финализираат со раскинување на договорите за работен однос со илјадници роднини на функционери вработени за време на режимот.
Ќе има метла и на другата страна, најави Заев
Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев во четвртокот навечер објави дека ќе заигра метлата и на другата страна.
„Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструкираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци во Велес правеле. Ние не сме глупави, знаеме. Ќе има метла и на другата страна. Во мојот кабинет работам со луѓе што ги затекнав. Со сите што засукаа ракави работевме. Ама нема да дозволиме некој да да враќа режим“, рече претседателот Заев на вечерашната граѓанска трибина за поддршка на кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Заев рече дека Стево Пендаровски е симболот на правдата и правичноста и порача дека правото и законите денеска важат еднакво за сите, дека пресуди ќе се носат за сите за кои има докази, а не како претходно по нарачка.
https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/369033943701187/?t=0