СДСМ денеска со соопштение до јавноста како реакција на изјавите на Мицкоски.
Мицкоски со ништо не може да го побие фактот дека Силјановска загуби во првиот круг, а уште поубедливо ќе загуби во вториот круг
Трагични и очајни се обидите на Христијан Мицкоски преку разни математики да го оправда поразот на Гордана Сиљановска во првиот круг од претседателските избори.
Факт е дека Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска имаа помалку гласови од Стево Пендаровски во првиот круг од изборите. Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ со Гордана Сиљановска доби 130.000 гласови помалку отколку со Ѓорге Иванов во пвиот круг од претседателските избори во 2014 година.
Ниту една формула, ниту една математичка операција на математички непрецизниот Мицкоски не може да го смени тој факт.
Граѓаните во првиот круг покажаа дека не сакаат нов Иванов и се против деструктивниот концепт на лаги и одбрана на криминалот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и уште помасовно ќе го докажат во вториот круг преку масовна поддршка за Стево Пендаровски.
Граѓаните на 5 мај нема да им дозволат на Мицкоски и Сиљановска да го закочат напредокот, граѓаните на 5 мај ќе го изберат Пендаровски за нов претседател на државата.