Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР вечерва излезе со важно соопштение за нивното присуство пред ИВЗ

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по добиени две пријави (и од едната и од другата страна), полициски службеници денеска се упатија во седиштето на Исламската верска заедница на Бит пазар и на лице место не беше констатирано нарушување на јавниот ред и мир.

Министерството за внатрешни работи има обврска да го гарантира јавниот ред и мир, а внатрешните работи на Исламската верска заедница се работа на членовите на оваа верска заедница и најостро го отфрламе обидот на поединци и политички субјекти да го инволвираат МВР во овие случувања.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК