Актерката Салма Хаек (52) од Ровињ им го честита Велигден на своите обожаватели. Претходно таа позира на фотографија со зајаче, а сега се пофали и со лов на тартуфи. Колку актерката ужива во Истра, покажуваат фотографиите што редовно ги објавува на социјалните мрежи.
Дека се забавува и ужива во пријатно друштво, таа и овој пат покажа со фотографиите на кои позира со Зара и Малa, кучиња трагачи по тартуфи.
„Овој Велигден, наместо во лов на јајца, отидов во потрага по тартуфи“, напиша убавата Салма покрај фотографијата на својот инстаграм-профил.
Нејзиното објавување имаше повеќе од 180.000 допаѓања. „Уживај во Хрватска“, „Прекрасна си, Салма“, се само некои од коментарите на обожавателите.