Петнаесеттото јубилејно издание на фестивалот „Танц Фест“ ќе биде затворено утре, 23 април, со почеток во 20 часот. Големата сцена на Македонскиот народен театар и македонската публика ќе бидат домаќини на претставата „Секвенци – Минато/Сегашност/Иднина“ на ЗЈЦМ од Ханџо, Кина.
Во претставата учествуваат петнаесет млади танчери од Кина, кореографијата е со потпис на Рисима Рисимкин, музиката е на Тони Китановски, додека костимите се на кинеската костимографка Бинг Шјиангзи.
На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени и дипломи за Инкубатор младите уметници кои годинава во голем број учествуваа во програмата, преку три уметнички категории, музика, современ танц и визуелни уметности.