– Залудни се очајните обиди на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ да го затскријат фактот дека нивната кандидатка Сиљановска е поддржана од криминалци, насилници и осуденици од насилствата на 27 ми април, се вели во соопштението на СДСМ.
– Луѓе осудени за терористичко загрозување на безбедноста како Игор Југ и најголемиот поддржувач на Сиљановска осудениот криминалец во бегство Груевски се ликовите кои не можат да се сокријат со било какви измислици и манипулации.
Потврда дека Сиљановска ужива во поддршка од криминалци и осудени насилници молкот за насилствата на 27-ми април.
На граѓаните не им е потребен претседател кој заштитува криминалци.
На граѓаните им е потребен вистински претседател кој ќе се залага и ќе работи исклучиво за нивни интерес и интересите на државата.
Затоа ќе победи концептот на Стево што води напред и што обединува, а не концептот на Сиљановска што сака да не врати во мрачното минато и што разединува, се вели во реакцијата на СДСМ.