Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Велес: Се судрија мопед и велосипед – има повредени

На 17.04.2019 година во 17,25 часот било пријавено дека во Велес на улицата “Димитар Влахов“ кај железничкиот мост се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „Априлија“ со велешки регистерски таблици, управуван од Ѓ.К. (50) од Велес и велосипед „Крос“, управуван од Н.М. (50) од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.М, а Ѓ.К. и сопатничката од мопедот Д.Т. се здобиле со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Општата болница Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: Нова бомба, нов скандал: Чистење на буџетот!

C +

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

C +

Денеска дожд, од утре сонце

C +
error: Соддржината е заштитена.