24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ризески: Николовски, Заев и Пендаровски мислат дека со субвенциите ќе ги купат гласовите на тутунарите

Министерот за земјоделие пристигнал од своето патување во Дубаи подновен со новите патики и вчера на својот фејсбук-профил се пофали дека им пуштил субвенции на тутунарите, изјави Тони Ризески од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

„Добро е тоа што субвенциите за тутун се исплатени, но е лошо што Николовски, Заев и Пендаровски чекаа на 4 дена од денот на изборите да ги исплатат субвенциите за тутун. По којзнае којпат овие тројца луѓе ги понижуваат земјоделците, ги понижуваат тутунарите мислејќи дека со исплатата на субвенциите ќе ги купат гласовите на тутунарите.

Со парите кои државата мора да ги исплати, затоа што по закон им следуваат на тутунарите, пари кои им се заработени со пот!

И Николовски и Заев и Пендаровски треба да знаат дека прилепчани најдобро од сите знаат со каква мака се спечалени парите од одгледување тутун.

Најлошо е кога власта си го потценува својот народ, кога власта го потценува и понижува земјоделецот!

Но, тутунарите, земјоделците, прилепчани, ќе се изборат за правда! Правда ќе има, а тоа ќе го разберат тројцата погоре споменати од СДСМ уште в недела, кога прилепчани ќе го дадат својот глас за број 2 на гласачкото ливче, за Гордата Сиљановска-Давкова, за правда во Македонија!“ порача Ризески.