24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ: Исплатени над 27 милиони евра за над 26.000 тутунопроизводители

Продолжува навремената и неселективна исплата на субвенциите, исплатени над 27 милиони евра за над 26.000 тутунопроизводители, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

„Исплатени се над 80 отсто отсто од субвенциите за предаден тутун. На над 26.000 тутунопроизводители исплатени им се над 27 милиони евра. Исплатата на субвенциите за тутунот се реализира на еден месец пред почетокот на новата производствена реколта за 2019 и овие пари тутунарите ќе можат да ги реинвестираат во новото производство на тутун. И за оваа реколта се применува новиот модел на субвенционирање на три нивоа, односно субвенцијата за прва класа тутун изнесува 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи“, велат од СДСМ.

Владејачката партија додава дека откупот на тутунот за реколтата 2018 е целосно завршен и повторно остварени се високи откупни цени, а просечната цена за предаден килограм тутун изнесуваше 214.24 денари.