23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Германскиот амбасадор го посети Демир Хисар

Денес, во посета на Општина Демир Хисар беше заменик Амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф.
Со топол пречек и срдечно добредојде градоначалникот Стојановски го пречека пред општинската зграда, кадешто во неговиот работен кабинет остварија средба.

На средбата посебен акцент се стави за можноста на капитални инвестиции од страна на Германија, за сите предвидени проекти и тековни кои треба целосно да се реализираат во наредниот период.

Посетата на заменик Амбасадорот беше во придружба на Ирена Андреевска, „Арт Поинт – Гумно“, координатор на Проектот „Природата предупредува – активности на заедницата за заштита на биодиверзитетот“ и Г-ѓа Марина Серафимовска, Соработник во одделот за економија во амбасадата.
Беа посетени Детска градинка „Втори Септември“, ЈЗУ „Психијатриска Болница“ и ЈКП „Комуналец“, во кои институции беше успешно спроведена акцијата за здрава и почиста еколошка средина.

Делегацијата предводена од градоначалникот Стојановски ги посетија Манастирот Св. „Јован Претеча“ во с. Слепче и с. Слоештица.

– Во секој поглед поддршката и помошта од германската амбасада е многу значајна и корисна за развојот на општината и се надевам дека во блиска иднина ќе се виде придонесот. Благодарни сме што од нивна страна, преку финансиска поддршка од Фондот на малите проекти на Амбасадата на Сојузна Република Германија, набавена е цистерна за чистење на септички јами. Цистерната е испорачана во ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар, истакна Стојановски.

Градоначалникот Стојановски и директорот на ЈКП „Комуналец“, Ацко Трајковски на крајот му врачија пригодни поклони.