6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фотогалерија: Салата во Крива Паланка беше претесна за Стево – многумина не успеаа да го проследат митингот, ќе има нов уште поголем!

Граѓаните на Крива Паланка ја покажаа својата силна поддршка за кандидатурата на Пендаровски, со масовно присуство на денешната заедничка средба и трибина со Стево, информираат од СДСМ.

Салата беше премала за да можат да влезат сите граѓани, Пендаровски ги повика надвор, на отворено, од каде, се заблагодари за поддршката и порача дека го мотивира тоа што граѓаните ги гледа сплотени и решителни да се изборат за напредокот на државата.

Кирацовски најави уште поголем митинг

-Граѓаните на Крива Паланка покажаа голем интерес да присуствуваат на отворената трибина, но само еден дел од нив успеаја да присуствуваат во Центарот за култура.

Ви се заблагодаруваме за покажаниот интерес и ви ветуваме дека Стево Пендаровски, нашиот иден претседател, заедно со премиерот Зоран Заев, ќе одржат голем, огромен митинг за сите граѓани на Крива Паланка уште на почетокот на вториот круг, објави генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој воедно е шеф на изборниот штаб на Стево Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Рацин.мк: Горан Марковски должи одговор на прашањето каква е неговата поврзаност со фирмата ДИПКО

C +

Шукова и Мојсова: Наместо дива депонија зелен парк во Карпош

C +

Вистината за случајот АНБ: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

C +