18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Им благодариме на граѓаните за силната поддршка и масовното присуство на централниот митинг, продолжуваме Заедно Напред

Им благодариме на граѓаните за силната поддршка на концептот што води напред кон прогрес, развој, интеграција, и сигурна иднина предводен од Стево Пендаровски, се вели во соопштението на СДСМ.

– Масовната посетеност на вчерашниот голем граѓански собир на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски докажа дека граѓаните се одлучни да продолжат заедно напред.

Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите останати се обединија околу Стево и неговиот концепт.

Тоа ќе се покаже и во недела кога граѓаните масовно ќе гласаат за претседател кој обединува, кој води напред и достојно ја претставува државата.

Граѓаните ќе го изберат Стево Пендаровски за нов претседател на Република Северна Македонија, продолжуваме заедно напред, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Џаферовска: По тргедијата во Велес СДСМ бара оставка од Панче и разрешување на цело СВР Велес

C +

Шукова: Со Зона 30 ќе го запреме дивеењето по скопските улици

C +

Манасков: Нема учебници, СДСМ бара оставка од Јаневска!

C +