Претседателскиот кандидат ја продолжи неговата кампања во Гостивар, каде што беше подржан од лидерите на Алијанса на Албанците, Зиjадин Села, и лидерот на движење Беса, Билал Касами.
Река потенцира дека основата на неговата кампања лежи во Република против приватна држава, и перспективна република – против празна држава.
„Државата не е приватна сопственост, но е наследност на сите подеднакви граѓани. Републиката не познава дозирана демократија за статистички националитети, на кои им се даваат права онолку колку проценти се. Во една република, нема давање на права, затоа што тие права се природни права на секој државјанин на оваа држава, а не на дискрецијата на ова владеење, која одлучува: на кого, кога, и колку права ќе му се дадат. Зачленувањето во меѓународни организации не е задолжително, но доброволно. Ние одлучуваме далу ќе станеме дел од нив“ порача Река.