23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Циклон над Македонија: Невреме проследено со град, дожд и грмежи – доаѓа и снег

Синоптичарите најавуваат променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

На места процесите ќе бидат поинтензивни со можност за краткотрајна појава на град и засилен ветер, а повеќе услови за ова ќе има во западните и јужните делови.

На повисоките планински места ќе има врнежи од снег каде ќе дојде до формирање на снежна покривка.

До вторник ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а во попладневните часови процесите локално ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од среда условите за нестабилност ќе се намалат, па ќе преовладува посончево и потопло време.

Прогноза за 15.04.2019
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 10°С до 17°C
Променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 16.04.2019
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 17.04.2019
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 16°C до 22°C
Умерено облачно со слаб до умерен северен ветер.