Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска се сретна со граѓаните во Кривогаштани.
„Пристискаат, уценуваат, злоупотребуваат, сега еве ги користат и медиумите за да создадат лажен впечаток, но една работа ја погрешија. Оваа работа се победува заедно со граѓаните, затоа што граѓаните нема да заборават сето она што изминатитите две години вие господо од СДСМ им го приредивте. Сите оние лаги, сите оние ветувања, сите оние нереализирани очекувања, очекувате дека народот овојпат ќе ви поверува”, истакна претседателот Мицкоски од Кривогаштани.
Тој рече дека СДСМ игра на картата на кратко помнење на народот, дека тие го забораваат и потценуваат народот и сето тоа ќе им се удри по глава на 21 април.
„На 21 април ќе ја видите онаа вистинската анкета којашто денеска ниту сте способни, ниту сакате да ја видите затоа што сте заслепени за пуста власт и за пусти пари. Тоа е она коешто вас денеска ве мотивира да го правите тоа што го правите”, потенцираше тој.
Мицкоски од Кривогаштани порача дека најголемата коалиција не е онаа коалиција којашто беше направена во еден скап и луксузен скопски хотел каде што на деспотски начин Заев одлучи дека Пендаровски ќе биде, туку вистинската коалиција е коалицијата со народот.