24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДУИ во Теарце: Поддршката за консензуалниот кандидат во корист на сите граѓани во земјата

Демократската унија за интеграција својата кампања во рамките на претседателските избори за време на вчерашниот ден ја одржа во општина Теарце каде што членовите на ИЦШ во нивните говори истакнаа дека со дадениот глас за консензуалниот кандидат ќе им се каже стоп на враќањето назад на евроинтегративните процеси и членството во НАТО и ЕУ и со ова ќе победи консензуалноста како концепт на создавање на албанската политика.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети пред жителите на Општина Теарце рече дека поддршката за заедничкиот консензуален кандидат не оди само во поддршка на граѓаните Албанци, но на сите граѓани и како прво во корист на самата држава, затоа што ова држава има иднина само со добра и транспарентна иднина помеѓу двете партии кои имаат легитимитет.

„Не треба да ги замориме луѓето со партиотизми без поткрепа, помина тоа време, сега е времето на материјализам, времето на инсталирање на вредности, владеењето на правото, реформи во судството , напредна економија, квалитетно здравство и образование и подобри услуги, поспремна јавна и државна администрација, бидејќи само вака се оди во Европа. Не се спречуваат миграцијата и амбициите за подобра иднина ако се занимаваме со празни фрази, со патриотизам на кој веќе му помина времето. Ако сакаме да живееме и да работиме во ова земја, да ги инсталираме и да работиме на овие вредности бидејќи Европа е пред нашата врата”, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Шефот на Изборниот штаб за претседателските избори, Изет Меџити, истакна дека во оваа ситуација толку деликатна кога се трча за еден или двајца пратеници за да се задржи кревкото мнозинство на Владата ќе биде премногу да се направат политички акробации и затоа се оцени дека со излегување со кандидат Албанец, шансите за одење во вториот круг се минимални и нема никакви шанси за да се добие функцијата претседател на државата.

„Ние не ја комплициравме ова ситуација и дадовме придонес за да се избере еден кандидат за претседател кој ќе биде заеднички, ќе ја има поддршката на двата поголеми субјекта во Владата, СДСМ и ДУИ, претседател кој од сега кажува дека во неговиот кабинет ќе има и Албанци, ќе има Албанци во дипломатските претставништа, претседател кој повеќе од албанскиот кандидат зборува за Охридскиот договор и духот на овој договор, и дека приоритет над приоритетите му е членството во НАТО и ЕУ и дека тука ние се разликуваме со нашите аспирации и затоа одлучивме да му дадеме поддршка уште од првиот круг”, истакна во неговиот говор Меџити.

Повик за да се гласа за консензуалниот кандидат на 21 април од општина Теарце испрати и заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, кој рече дека граѓаните Албанци и сите граѓани ќе го поддржат принципот на консенсуалноста.