23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Јанушев: Власта, наместо да го почитува законот, ги злоупотребува институциите и државните ресурси

Затоа Заев и Пендаровски се во паника и почнаа со закани, насилство и злоупотреби уште во првата половина од кампањата. 10 дена изборна кампања, 10 дена изборни прекршување, корупција, незаконски вработувања и користење државни ресурси за партиски цели. Власта, наместо да го почитува законот, ги злоупотребува институциите и државните ресурси, обвини генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Ветуваа дека нема да ги злоупотребуваат институциите, а го прават сосема спротивното. Возилата на АВРМ се користат за партиски цели. Видовме од медиумите дека директорката на АВРМ заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт со возило на Агенцијата за вработување беа на партиска трибина во Делчево. Исто така, возило на Агенцијата е сликано во Радовиш полно со пропаганден материјал за Пендаровски. Ова, почитувани, е класичен пример за злоупотреба на државни средства за партиски цели. СДСМ ја избриша границата помеѓу државата и партијата. Зоран Заев и Стево Пендаровски знаат дека губат, па затоа вршат и злоупотреби“, рече тој.

Тој обвини дека Заев и Пендаровски спротивно на Изборниот закон ја полнат јавната администрација.

„Сведоци сме на над 600 вработувања во јавните претпријатија во град Скопје, овие вработувања ќе го чинат градот над 350.000 евра месечно или над 4 милиони евра годишно. Вработувања имаме исто така и во Царината и Јавното претпријатие ‘Македонијапат’. Паниката се гледа и во насилното однесување на активистите на власта. Имено, сите видовме видеоматеријал кој се прошири на социјалните мрежи, а од кој се гледа како едно лице уништува пропаганден материјал и му се заканува на активист на ВМРО-ДПМНЕ затоа што овој му вели да не ги кине плакатите на професорката Гордана Силјановска-Давкова“, рече Јанушев.