Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Хан: Балканот во ЕУ е заедничка цел и од двете страни на Атлантикот

Европскиот комесар за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, за време на посетата на Атлантскиот совет во Вашингтон рече дека европската интеграција на Западен Балкан е заедничка цел на двете страни од Алтантикот.

„Наша заедничка цел од двете страни на Атлантикот е стабилизирање на регионот и воведување на сите шест земји од Западен Балкан во ЕУ. Ова е во наш личен геополитички интерес“, рече Хан на вториот ден од неговата посета на Вашингтон, каде што во Антлантскиот совет зборуваше за стратегијата за Западен Балкан.

Европскиот комесар предупреди дека во ризик се доведува кредибилитетот на ЕУ.

„Мораме да бидеме многу цврсти, но искрени и да оддадеме признание кога е тоа потребно. Непридржувањето до обврските значи губење на моќта“, порача Хан.

Хан во американската престолнина се состана со меѓународните партнери со цел да им посочи широк спектар на отворени прашања, вклучително и Западен Балкан, европската соседска политика и соочувањето со глобалните предизвици, пренесува „Јуропијан Вестерн Балканс“.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ СКОПЈЕ: Во својот дом пронајдено починато 19 годишно момче – наредена обдукција

ДЕСК

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

C +

ВМРО-ДПМНЕ утре на 18. Конгрес ќе ја донесе новата „Стратегија за Македонија 2030“

C +
error: Соддржината е заштитена.