Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, престојуваат во работна посета на Сојузна Република Германија, каде што ќе одржат брифинг пред членовите на Комисијата за европски прашања во рамките на Бундестагот.
Во рамките на посетата Османи и Димитров ќе остварат средби и со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, со претседателката на ЦДУ на Германија, Анагрет Каренбауер, како и со пратеникот во германскиот Бундестаг, Јохан Вадепул.
На средбите се очекува да бидат отворени темите за напредокот на Република Северна Македонија во европските интеграции, поддршката во таа насока од страна на СР Германија, а во пресрет на извештајот на Европската комисија, како и јунските самити на Европската Унија.