19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пендаровски: Напредокот кон ЕУ ги отвора можностите за пристап кон фондовите и пласманот на нашите производи

Нашите граници се обезбедени од најмоќните 29 земји на светот. Имаме меѓународна гаранција и сигурност на нашите граници, со нашето де факто зачленување во НАТО. За прв пат седиме на иста маса со клучните држави кои го обликуваат денешниот свет. Таков исчекор е незапаметен. Сега треба да продолжиме напред, кон ЕУ, да ги отвориме можностите и да ја обезбедиме иднината, порача кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вечерва во Неготино.

„Крупни чекори се направија во изминатите 2 години. Сега е време напредокот да продолжи, тие крупни чекори да им дадеме реална вредност на домашен план, во делот на економијата и подобриот живот. Пред некој ден е исправена неправдата кон лозарите од овој крај. Исплатени се парите кон повеќе од 2.000 лозари од тиквешкиот регион за предадено, а не платено производство во претходните години. Обезбедени се 424 грантови за младите земјоделци од по 10.000 евра за да за почнат сопствен агро-бизнис. Тоа се позитивни трендови. За да ги продолжиме, јас би рекол за да ги засилиме, потребно е да продолжиме напред“, додаде Пендаровски.

Тој повика на масовна излеснот на изборите за да продолжи напредокот.

„Само доколку продолжиме напред ќе осигураме членство во ЕУ. Тоа ќе ги отвори можностите за пристап до огромните фондови на Унијата за земјоделството и ќе даде шанса за пласманот на нашите производи на пазарот од 500 милиони жители. Затоа е важно да продолжиме напред“, рече Пендаровски.

Спонзорирано: