10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Друштвото на писателите се прошири со нови членови

По јавниот повик за проширување на членството на Друштвото на писателите на Македонија, мнозинство гласови добија Андоновски Петар, Бандиловска Елизабета, Гиревска Марија, Исмајловска Мерсиха, Јуруковска Александра, Ковиловски Славчо, Маказлиева Ели, Мартиновска Виолета, Прља Бранко, Спасовска В. Сузана, Стојановска Ана, Стојчевска Снежана и Црвенковска С. Билјана.

Новите членови ќе бидат свечено претставени преку кус разговор и сегмент од творештвото на Книжевната вечер што ќе се одржи во просториите на ДПМ в понеделник, на 15 април, со почеток во 19 часот.

Од ДПМ велат дека на јавниот повик во текот на март се пријавиле 47 кандидати. Претседателството ги разгледало сите доставени материјали, ги анализирало според утврдените критериуми и спровело гласање.

Книгите што во процесот на аплицирање беа доставени во канцеларијата на ДПМ може да се подигнат секој работен ден во периодот помеѓу 9 и 12 часот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски од уста не ме вади, нема ниту едно дело па затоа мора да плука

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Ја снема гордоста само после една и пол година власт на Мицкоски и неговата банда

ДЕСК

Филипче од Ѓорче Петров: Коки е човек од народот, направи повеќе за Ѓорче од актуелниот градоначалник на ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.