24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

„Лебедово езеро“ в петок во МОБ

Македонската опера и балет ја најави изведбата на безвременскиот балет „Лебедово езеро“ на 12 април, со почеток во 20 часот.
Ода за моќта на љубовта!

„Класика која ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид“.

Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти. Во улогата на Одета/Одилија настапува Марија Кичевска-Шокаровска, принцот Зигфрид е Бобан Ковачевски и во улогата на Ротбарт е гостинот од Италија, Давиде Буфоне.
Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент: Бисера Чадловска.

Ирена Пасариќ, национална првенка на Хрватска, ќе гостува во НУ МОБ, каде што ќе ги држи задолжителните вежби на Балетот и пробите за престојните претстави „Лебедово езеро“.

Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МОБ: 02 3118-451 и онлајн: www.mob.mk