Еден месец пред официјалната посета на папата Франциско на земјава, кој треба да пристигне на 7 мај, „Ватикан њуз“ го додаде и македонскиот јазик на својата веб-страница како 34-ти јазик достапен на овој портал.
Католиците што живеат во земјата на веб-страницата ќе може да најдат вести за папата Франциско, за Ватикан и за Католичката црквa во светот, и тоа на својот македонски јазик.
Порталот објави дека во Северна Македонија живеат околу 20 илјади католици. На новата веб-страница на македонски јазик на порталот ќе работат четворица Македонци.