Насекаде ја чувствуваме енергијата на нашите сограѓани дека иден претседател на Република Македонија е професотката Гордана Силјановска Давкова, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој рече дека ќе му остави можност на претседателот на владата, Зоран Заев еднаш да си го одржи зборот и да распише предвремени парламентарни избори.
„Вчера бев сведок на еден нервозен реалити стенд-ап настан на претседателот на владата господинот Заев, бидејќи и тој е свесен дека ситуацијата не е онаа иста како што беше пред две три години кога успеваше на помалку комичен начин со своите лаги да разговара со граѓаните во Република Македонија. Но, години подоцна граѓаните на Република Македонија видоа со каков човек имаат работа, дека станува збор за човек кој што освен распродажбата на националното достоинство и националната чест, се служи многу со лаги и манипулации и тоа е насекаде очигледно“, изјави Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека дека Заев треба да им се извини н аграѓаните за сето она што се случило во изминатите две години.