24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

СДСМ го “реши” ДПМНЕ со едно соопштение: Следува раст на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ остави дупка во буџетот на ПИОМ, а денес манипулира, пензиите растат и ќе продолжат да растат, реагира СДСМ по прес-конференција на Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека претходната власт оставила долг од 15 милијарди денари во пензискиот фонд, а денес лажно обвинува. Ако некој ги кратеше пензиите, велат од СДСМ, тоа беше ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ треба да одговара за дефицитот на ПИОМ, кој од 2 милијарди во 2006 достигна 19 милијарди во 2017 година. Овој дефицит го плаќаат граѓаните. За разлика од таквиот однос, новата пензиска реформа обезбедува редовни и повисоки пензии за сегашните и идни генерации. Со неа започнува стабилизацијата на пензискиот фонд, каде токму лошите и неодговорни политики на ВМРО ДПМНЕ оставија долг од 15 милијарди денари. Владата предводена од СДСМ вистински се грижи за граѓаните и усогласувањето на пензиите ќе го прави два пати годишно и тоа 100 отсто со порастот на трошоците на живот, наместо само 50 отсто како што беше претходно. Со новото законско решение се воведува и дополнително усогласување на пензиите од 1 април, ако бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст над 4 отсто“, велат од СДСМ.

Додаваат дека политиките на Владата предводена од СДСМ во последните две години обезбедила стабилна исплата и континуиран раст на пензиите. Доказ за тоа, додава СДСМ, се официјалните податоцикоишто покажуваат евидентен раст на пензиите во Македонија. Така, во 2016 година просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, во 2017 година 13.954, а во 2018 година 14.421 денари.