23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поминувале на црвено, возеле без возачки и таблички – МВР ги казнува непрописните возачи

Во текот на изминатиот ден (05.04.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека шест возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои: 23 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 27 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, пет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 26 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло.. Во текот на изминатиот ден издадени се 121 мандатен платен налог и 70 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои 11 лица се здобиле со телесни повреди.