26. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дали Заев и Ципрас направиле одличен договор: Силјановска призна дека дека ќе го применува Преспанскиот договор, а со тоа и дека е дозволена употребата на придавката “македонски”

Кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во вечерашната дебата на Телма на прашањето дали ќе го применува Договорот од Преспа и ќе го употребува новото име, одговори потврдно.

-Се разбира, бидејќи тој стана дел од Уставот. Но, во примената има разлика. Ќе ги почитувам натписите на името на државата на институциите. Да, ќе го применувам, но како индивидуа ќе го одбегнувам називот Северна Македонија. Впрочем, и во членот 7, став 2 стои дека е дозволена употребата на придавката „македонско“, рече Сиљановска Давкова.