23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВМРО ДПМНЕ/Facebook
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: АД ЕЛЕМ се користи за згрижување и плаќање на семејствата на функционерите на власта

Власта го претвори АД ЕЛЕМ во фирма за згрижување на децата на функционерите на власта. Синот на Мира Дизел, но и роднините на останатите функционери уште се на своите високо платени работни места, иако Заев најави дека ќе си дадат откази, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„АД ЕЛЕМ се користи за згрижување и плаќање на семејствата на функционерите на власта. СДСМ не знае да менаџира со енергетскиот систем во државата. Власта ги користи РЕК Битола и АД ЕЛЕМ за доделување милионски тендери на фирми блиски до врвот на власта.

Фирмата „СВ Инвест“, која се поврзува со братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, е еден од најчестите добитници на милионските тендери од РЕК Битола. Иако годината што помина беше со големо количество врнежи, власта не знаеше да го материјализира истото и водата наместо во производство на електрична енергија завршуваше неискористена често предизвикувајќи поплави, особено во Охридското Езеро и акумулациите долж реката Црни Дрим. Доколку власта квалитетно менаџираше, АД ЕЛЕМ ќе имаше голема добивка.

Енергетиката само добро му оди на Кочо Анѓушев, кој во екот на преговорите за името, по само една изјава дека за него е прифатливо кое било име за државно име, ја продаде својата фирма за продажба на струја на грчкото електростопанство за неверојатни 5.5 милиони евра.

Криминалните тендери, непотизмот и матните бизниси не се и не можат да бидат европска вредност. СДСМ ја носи државата во бездна и затоа треба да си замине“, се додава во соопштението.