23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Студен туш од Влада до ВМРО ДПМНЕ – Химната останува иста, Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата

Националната химна и текстуално и инструментално останува иста, со договорот од Преспа не е предвидена никаква промена

Националната химна останува иста, не била тема на дискусија и околу истата нема никаков спор.

Химната ќе остане и текстуално и инструментално истата.

Вчера, за време на посетата на грчката делегација пред Владата на Република Северна Македонија не беа интонирани химните поради технички и организациски причини кои произлегоа од стеснетата временска рамка на активностите.

Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени сите протоколарни свечени активности при дочекот, вклучително гарда, цвеќиња, воени почести, интонирање на химната и слично. Овие активности беа изоставени со цел да се запази дневната работна агенда на премиерите Заев и Ципрас, односно за да успеат во текот на денот да ги постигнат сите планирани работни активности.

Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз химната, таа во ниту еден момент не била, не е и нема да биде спорна.

Како потврда, во периодот по потпишувањето на Преспанскиот договор нашата химна беше интонирана во повеќе прилики во присуство на официјални претставници од грчка страна. Само пред неколку денови на свечениот прием во организација на Амбасадата на Грција, по повод националниот ден на Република Грција, химната на Република Северна Македонија беше интонирана пред официјални грчки претставници.

Исто така може да се напомене и интонирањето на нашата национална химна за време на кревање на знамето на НАТО пред зградата на Владата, повторно во присуство на претставници на цел дипломатски кор.

Химната беше интонирана за време на спортски натпревар за квалификација на Европско ракометно првенство кој се одржа на 28 октомври 2018 година, кога се натпреваруваа нашата земја и Грција во категорија сениори мажи. Дополнително на 16 јуни во главниот град на Северна Македонија ќе биде градот-домаќин на последниот квалификациски натпревар за Европско првенство 2020 во ракомет во кој нашата репрезентација ќе ја пречека Грција и кога повторно ќе бидат интонирани химните на двете земји.