Ќе реагираат ли Анима Мунди и здруженијата за заштита на животните на скандалозниот спот во кој младината на ВМРО ДПМНЕ, се користат и влечат животни.
Скандалот е дотолку поголем, што директно се врши навреда врз граѓаните на земјава, но и на конкурентскиот претседателски кандидат.
Спотот е инспириран од изјавата на Стево Пендаровски во која во контекст на сендвич платените митинзи за времето на режимот, тогаш го осуди влечењето на граѓаните по митинзите.
Да се потсетиме во тоа време секој административец, вработен во приватни фирми или пак невработен кој сака да се вработи мораше да присуствува на митинзите на тогашниот режим. На моменти при анкети кога ќе беа запрашани присутните граѓани на секојдневните контра-протести од страна на тогашниот режим, многумина не знаеа зошто се тука. Многумина за овие црни времиња опишуваат дека цели семејства добивале закани за да присуствуваат на митинзите на режимот и да ги полнат автобусите.
https://www.facebook.com/UMSVMRODPMNE/videos/364407184159738/?t=0
На ваквиот спот реагираат граѓаните преку социјалните мрежи, осудувајќи го начинот на кој опозицијата сака да го дискредитира противникот.