Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се врати ли Мицкоски од ,,транзитното” патување преку Будимпешта за да одговори дали се сретнал со Груевски?, прашаа од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ призна дека Христијан Мицкоски еден ден пред почетокот на предизборната кампања бил на “транзитно” патување преку Будимпешта, велат од СДСМ.

– Доколку се вратил Мицкоски од “транзитното” патување преку Будимпешта треба да одговори дали се сретнал со неговиот ментор, осудениот криминалец и бегалец од правдата Никола Груевски?

Дали непосредно пред почетокот на предизборната кампања, Мицкоски од Груевски барал совети за нивната кандидатка Гордана Силјановска?, велат од СДСМ.

Доби ли Мицкоски нови насоки од Груевски за деструктивно делување? – прашаа социјалдемократите.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.