Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО ДПМНЕ ја “призна” Северна Македонија

Мицкоски лаже и е лицемерен, во амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО секаде стои Република Северна Македонија, соопшти предмалку СДСМ.

-На површина исплива уште еден доказ за лажниот патриотизам на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Додека Мицкоски ја замајува јавноста со лажен патриотизам тврдејќи дека не го признава уставното име, истовремено, според јавно достапните информации, на сите амандмани на неговата ВМРО-ДПМНЕ поднесени до Собранието за Законот за јавно обвинителство стои новото уставно име Република Северна Македонија.

Мицкоски е неискрен и лицемерен и продолжува да ја лаже и манипулира јавноста. Со тоа уште еднаш докажува дека е ист како неговиот ментор и претходник, криминалецот Никола Груевски, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Пораснал бројот на невработени во Македонија

ДЕСК

НЕОЧЕКУВАН РАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СКОПЈЕ ПОД НАПНАТОСТ: Физичка пресметка во познат угостителски објект среде бел ден во центарот на градот

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.