22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Ристе Ристески го доби првиот милион!

Популарниот македонски пејач и ексклузивец на „Гранд“ продукција, Ристе Ристески ги доби првите милион прегледи на својата најнова песна „Неизлечиво“ за која сними и високобуџетен видеозапис во една од најлуксузните вили во Белград.

Зад „Неизлечиво“ како автори се потпишуваат: Милан Раѓен (музика и аранжман), Дивна Миловановиќ (текст), Саша Радојевиќ – Жуле (тапан), Петар Трумбеташ (гитари и бузуки), Ељез Шабани (кларинет) и Ивана Селаков (пратечки вокали).„Неизлечиво“ е втора студиска песна на Ристе, а за годинава се најавени уште неколку

Екранизацијата на песната и беше доверена на филмската продукција „Ројал Филмс“ која сними високобуџетен видеозапис со извонредна виртуелна графика која често се користи во врвните филмови, но не и во музичките спотови.