„Бошњачки демократски сојуз искажа разбирање за проблемите со кои се соочуваат Горанците во Република Северна Македонија и кои на состанокот беа презентирани од страна на раководството на Здружението на Горанците.
Бошњачки демократски сојуз е подготвен да даде поддршка на сите активности кои ќе бидат насочени кон подобрување на положбата на Горанците во Република Северна Македонија.
Здружение на Горанците – Скопје и Бошњачки демократски сојуз сметаат дека заеднички треба да работат на взаемна подршка во сите полиња затоа што тоа е единствениот начин кој ќе ја подобри положбата и статусот на Горанците и Бошњаците во Република Северна Македонија.
Здружението на Горанците искажа подготвеност со свои претставници да даде поддршка на Бошњачкиот демократски сојуз преку ангажирање на своите членови во сите места каде што заедно живеат.
Здружението на Горанците – Скопје ја подржува партијата Бошњачки демократски сојуз во нејзиното делување.
Овој документ е составен во два еднообразни примероци кои се доставени на Здружение на Горанците – Скопје и Бошњачки демократски сојуз“, се вели во соопштението на Бошњачки демократски сојуз.