23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се подготвува стратегија за информатичко-комуникациска технологија во правосудството

Владата на денешната 127. седница ја разгледа и усвои информацијата за подготовка на стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудството 2019 – 2024, со акциски план.

Стратегијата за ИКТ во правосудството е во согласност со европските и меѓународните стандарди, со цел да се зголеми пристапноста, навременоста и лесното користење на правосудните услуги за сите корисници, да се подобри квалитетот на податоците, заштитата и безбедноста, како и соработката со други правосудни системи, институциите на Европската Унија, нејзините земји членки и меѓународните организации.

Стратегијата за информатичко-комуникациска технологија во правосудството е во функција на модернизирање на информатичко-комуникациска технологија во правосудството како една од најбитните реформи во РСМ, заклучи Владата на денешната седница.