На оваа своја седница министрите во Владата ја разгледаа и усвоија и информацијата за реализација на Проектот „Младинска картичка“, кој има за цел да го олесни и подобри секојдневието на младите со поволности кои ќе опфатат повеќе категории, како попусти во угостителството, трговијата, пристапот до едукативни центри и културни и спортски настани, како и за патувања во земјата и во странство.
Со информацијата Владата донесе и заклучок одредени министерства да се вклучат во проектот за поволности за младите од 15 до 29 години, како и препорака за единиците на локалната самоуправа исто така да станат дел од реализацијата на овој проект.
Втората фаза од „Младинската картичка“ е вклучување на националната картичка кон системот „Европска младинска картичка“ кога младите од нашата земја ќе можат овие бенефиции да ги уживаат и во земјите членки на ЕУ.