Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 23 годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.
На 20.03.2019 година, при вршење патролна служба на улица „Боро Менков“, полициски службеници при преглед кај пријавениот пронашле и одзеле пиштол „SIG-SAUER 7.65“ со рамка во која имало три куршуми, без соодветна дозвола.