Во текот на изминатиот ден (21.03.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 45 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 24 возила бидејќи 21 возило биле нерегистрирани и три возила биле технички неисправни Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, осум возачи поради неносење заштитен шлем при управување со моторцикл, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и четири пешаци поради поминување коловоз на црвено светло.
Во текот на изминатиот ден издадени се 144 мандатни платни налози и 82 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со телесни повреди.