Финските власти објавија дека започнале истрага против „Нокиа“ заради можното неовластено пренесување лични податоци на корисниците на Кина.
Мобилните телефони на Нокиа се произведуваат под лиценца на финската компанија Глобал ХМД, која рече дека никакви лични податоци не се споделени со трета страна, иако таа призна постоење на софтверска грешка кај една серија телефони, која е, сепак, поправена.
Финскиот омбудсман за заштита на личните податоци, Реијо Арнио, ѝ рече на британската агенција дека ќе испита дали имало прекршок во врска со загрозувањето на личните податоци и дали постои законско оправдување за тоа.
Норвешкиот јавен сервис НРК вчера извести за случај на кршење на правата за заштита на личните податоци на моделот „Nokia 7 Plus”, произведен од HMD. Според НРК, компанијата потврди дека одреден број од овие модели испраќаат податоци до кинескиот сервер.
Во „Нокиа“ не сакаа да ги коментираат таквите обвинувања.