Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

700 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ВО ПАРТНЕРСКАТА РАМКА: Светската банка ја продолжува поддршката за Македонија

Рамката за партнерство меѓу Македонија и Светската банка за периодот 2024–2028 предвидува околу 700 милиони долари финансиска и техничка поддршка.

Проектите опфаќаат инфраструктура, јавни финансии, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, а ИФЦ треба дополнително да работи на приватни инвестиции, конкурентност и зелена транзиција.