На 13.10.2026 во 13:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода 30-годишник од Неготино. Тој се сомничи дека одзел паркирано патничко возило, сопственост на 54-годишен неготинец.
Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот и по документирање на настанот против 30-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.


