Centar.mk
СВЕТ

НОЌ НА РУСКИ РАКЕТИ НАД КИЕВ: Загинати, десетици повредени и огромни проблеми со струјата

Руски ракети и беспилотни летала погодија станбени објекти и енергетска инфраструктура во Киев. Според утринските извештаи, најмалку три лица загинале, а повеќе од дваесет биле повредени.

Нападите повторно предизвикаа големи прекини во снабдувањето со електрична енергија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Москва не го почитува повикот за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.