Centar.mk
фото МВР
-МАКЕДОНИЈА

СКОПЈЕ ОЧЕКУВА ИСПОРАКА ОД БУГАРИЈА: Николоски порача дека лицата со потерница треба да бидат вратени

Вицепремиерот Александар Николоски изјави дека Македонија очекува Бугарија да ги испорача лицата по кои македонските органи имаат распишано потерница.

Изјавата следува по случајот со Ива Михаилова и нејзиното појавување во Бугарија. Николоски порача дека државата не треба да подлегнува на провокации, туку да инсистира на функционирање на институционалните механизми.