Максималниот законски рок за куќниот притвор на Артан Груби истече, па мерката е укината по сила на законот.
Во Чаир синоќа бил пречекан со факели, огномет и чадни бомби.
Тоа сепак не значи целосно укинување на ограничувањата.
Судот не му го врати пасошот и му определи мерки на претпазливост, меѓу кои обврска за јавување во судот и ограничувања за движење и контакти со одредени лица.


