Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Целосно ќе ја разобличиме криминогената власт на ДПМНЕ и ЗНАМ

Во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, најави дека преку интензивна политичка борба и објавување на факти и докази, СДСМ ја разоткрие и разобличи недемократската и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, со цел граѓаните да ја дознаат вистината за корупциските скандали и злоупотребите на институциите на оваа влада.

„Има многу теми на коишто треба и мора да се разговара, многу работи коишто треба да се направат за да се разоткрие оваа недемократска и практично криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ и антикорупцискиот тим на партијата интензивно работат на анализа и разоткривање на корупциските скандали на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Работевме интензивно на разоткривање, анализа, посебно нашиот антикорупциски тим работеше на овие корупциски скандали, кои што постепено ги објавуваме. Материјали има навистина многу, јавноста се повеќе ќе биде запознавана и јас мислам дека на моменти ќе биде и запрепастена кога ќе слушне што тоа прават членовите на владата, членови, раководители на многу институции, блиски луѓе до ВМРО-ДПМНЕ“, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче потенцираше дека СДСМ има одговорност кон граѓаните за вистината да биде објавена.

„Ние имаме пред се одговорност кон граѓаните. Така што, ќе продолжиме со истиот интензитет и во следниот период. Граѓаните мора да знаат дека е загрозена иднината на државата, стабилноста, безбедноста и нивната економска положба“, нагласи Филипче.

Како што најави Филипче, борбата против корупцијата, ќе биде и еден од клучните столбови на програмата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ 4 НЕРАБОТНИ ДЕНА – Еве кога ќе одмараме за време на празничниот месец

ДЕСК

Синоптичарите со нови најави – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.