Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

АКТ со пријава до ДКСК: Да се испита потеколото на парите на Томовски и донациите во ДПМНЕ

Изјава за медиуми, Петар Огњеновиќ – СДСМ:

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција, околу случајот на „Сити Аутсорсинг“.
Фирма која добила 161 тендер, вредни 9 милиони евра а само годинава заработила речиси половина милион евра. Фирма со семејни врски на Ивица Томовски, актуелниот директор на СОЗР со оваа фирма.

ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, но нема да дозволиме тоа да биде само уште еден случај во кој се „перат“ функционерите на ДПМНЕ.
Оваа пријава ја поднесуваме ДКСК темелно да ги испита донациите на Томовски кон ДПМНЕ, кој во неколку наврати надминуваат сума од 800.000 денари.

Какво е потеклото на парите кој Томовски ги донира на ДПМНЕ?

Дали донираните пари се поврзни со оваа фирма?

И веќе кога Томовски се огрдува и негира поврзаност со било каква фирма и приватен бизнис, од каде тогаш е потеклото на парите кои ги донира Томовски?

Од каде има некој 800.000 денари да ги донира, од плата?

ДКСК треба да истражи и да даде одговор на овие прашања.

Граѓаните се заситени од празни реторика на институциите и предмети кои користат за да се исперат функционерите на ДПМНЕ од одговорност!

А одговорност ќе има за секој инволвиран во криминал и корупција!

Работата не е завршена!

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.