Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски се заканува во обид да направи дефокус од прашањето со мигранитте

Одговарајќи на прашање околу повикот на премиерот Христијан Мицкоски Обвинителството да реагира на изјавите на СДСМ за прием на мигранти, лидерот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Сител телевизија рече дека тоа е уште еден обид да се дефокусира јавноста.

Филипче истакна дека власта сака СДСМ да ја прикаже како ксенофобична партија, што спроед него воопшто не е точно и потсети на случаи во минатото и како ВМРО-ДПМНЕ се однесувала кон темата со мигранти

„Сметам дека Мицкоски е уплашен од вистината и затоа посегнува по сите механизми вклучувајќи и закани, а најмалку има право тој да зборува. Да ве потсетам кога ВМРО-ДПМНЕ собираа потписи против некакви мигрантски кампови пред неколку години, да ве потсетам кога предупредуваа на наводна кантонизација на земјата, на меѓунационални судири…“ порача тој.

Филипче најави и нови детали во однос на приемот на мигранти.

„Мицкоски е уплашен од вистината и од тоа дека наскоро ќе излезат и многу други поконкретни работи во однос на овој договор и сега нема што да прави и се заканува со обвинителство. И тоа е класичен метод на дефокус. Тоа се работи коишто сме ги гледале во минатото и сметам дека апсолутно има само страв од вистината и ништо друго“ посочи Филипче.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.