Одговарајќи на новинарско прашање околу новите „бомби“ што СДСМ ги објавува лидерот ан партијата Венко Филипче, за ТВ Сител кажа дека то било само почеток и дека Антикорпцискиот тим на СДСМ ќе продолжел со објавување нови случаи со сомнежи за корупција.
Филипче најави и дека СДСМ ќе претсави онлајн платформа каде секој граѓанин ќе може да пријавува случаи на незаконско работење.
„Нашиот антикорупциски тим го шири своето дејствување и утре ќе ја претставиме и новата платформа на којашто граѓаните сами ќе може да доставуваат документи за одредена корупција. Во таа борба против корупцијата нема да запреме, тоа е нашата борба за иднината на државата“ порача Филипче.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


