Centar.mk
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

Секојдневно се спроведува рачно и машинско чистење на најфреквентните јавни површини, велат од ЈП Комунална хигиена

Од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираат дека во текот на изминатата недела седум пати, во три смени, било реализирано собирање и транспорт на комуналниот отпад од 5000 надземни, подземни и полуподземни контејнери лоцирани во сите скопски општини.

„Додека приближно 90 000 канти наменети за одлагање на комуналниот отпад од индивидуалните домаќинства се празнеа два пати во неделата, според однапред утврден распоред по блокови“.

Претпријатието, како што додаваат од таму, продолжува со континуирано одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини што се во надлежност на Градот Скопје.

„Секојдневно се спроведува рачно и машинско метење на најфреквентните јавни површини – улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје, како и Старата скопска чаршија“. /Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, ја продолжуваме големата бадникарска традиција

ДЕСК

Тони Зен и Пајак дел од новогодишните случувања во Општина Илинден

ДЕСК

Започна реконструкција на дел од улицата “Јуриј Гагарин” во Козле

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.