Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Димитриевиќ: Одбрана на Македонија, СДСМ против пеколниот план на ДПМНЕ: Мигранти за пари

СДСМ предупредува на пеколниот план на ВМРО-ДПМНЕ со кој Македонија се турка намерно во изолација, надвор од ЕУ и се отвора простор за прифаќање мигранти за пари, што претставува директна закана за безбедноста и иднината на државата, посочи Александар Саша Дмитријевиќ, член на Централниот одбор на СДСМ, на денешната прес-конференција.

„Паралелно, ВМРО-ДПМНЕ спроведува намерна изолација и ја држи Македонија надвор од ЕУ. Не за заштита на националните интереси, туку за свесно оддалечување од Европа. Изолацијата е стратегија. Без ЕУ, без европски контроли и без европско правосудство – полесно се краде и нема одговорност за никој. Македонија сакаат да ја претворат во црна точка на Европа, потенцираше Димитријевиќ.

Тој нагласи дека доколку во Македонија се донесат мигранти осудени за сериозни кривични дела, тоа ќе значи директна закана по безбедноста на државата.

„Затоа на ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговара Македонија да остане изолирана. Губитници се само граѓаните и иднината на Македонија. Затоа имаме обврска да се спротивставиме. Одбраната на Македонија започна и нема да престане.“, рече Димитријевиќ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Веќе не се спремаме за избори, туку да ја вратиме власта во рацете на граѓаните!

ДЕСК

Филипче: Целосно ќе ја разобличиме криминогената власт на ДПМНЕ и ЗНАМ

ДЕСК

Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.